Договор помеѓу Корисник и Сторк Импекс дооел – Скопје
Кориснички договор помеѓу корисникот (Вие) и VoxNet основач Сторк Импекс дооел (Ние).
Ве молиме да ги прочитате условите и правилата на користење (Правила и услови) пред употреба веб страницата на VoxNet (веб сајт).
Веб страна
Веб страната е овозможена од страна на Друштво за трговија,Угостителство и услуги "Стор Импекс" ДООЕЛ Скопје со седиште на ул.16 Македонска бригада бр.4/2-1 Скопје.
Согласност со Правилата и Условите
Вие се согласувате со Правилата и Условите при користење на оваа веб страница, без квалификации. Доколку не се согласите со сите Правила и Услови, забрането Ви е користење на веб страницата на било кој начин.
Услуги на VoxNet
VoxNet Ви нуди интернет телефонски разговори кон сите мегународни дестинации по тарифникот/цени објавени на www.voxnet.com.mk.(тарифирање по мин. од самиот почеток)
Можете да избере од поставените услуги на веб страницата. VoxNet ви овозможува да симнете апликација за вашиот интернет уред мобилен телефон (smartphone) кој подржува интернет или PC / Лаптоп.
Информации на Веб страницата
VoxNet не гарантира дека информациите на Веб страницата (вклучувајќи ги цените, описите или апликациите ) се без грешки или пропусти, но ќе направиме обид да го промени или корегираме истите веднаш штом бидат воочени.
Услови поставени од страна на добавувачите
Од кога ќе ја направите нарачка, и ќе биде купена од Ваша страна, ќе добиете конфирмација од VoxNet на вашата електронска пошта дека се согласувате со нашите услуви и политика на продажни места. За уплта од правно лице следува договор за користење на услуги.
Користење на веб страницата
VoxNet не превзема никаква одговорност во врска со невозможност на користење или пристапување кон веб страницата во било кое време, или било какви прекини во пристапот и исто така прекин при вршење на трансакции. VoxNet не гарантира дека веб страницата е без вируси или други работи кои може да предизвикаат губиток или оштета на податоци.
Обврски на корисникот
Вие се согласувате дека сте обврзани да ги следите обврските, вклучувајќи но не и без исклучоци:
Вие ги прифаќате сите финансиски одговорности за сите трансакции извршени на ваше име или сметка.
Вие мора да сте над 18 годишна возраст и да имате легален статус.
Вие гарантирате дека сите информации доставени за Вас или членови од вашето семејество се вистинити и точни.
Веб страницата не смее да биде користена за шпекулативни, лажни регистрирања или со цел на измама.
Пренос на заканувачки, навредливи, порнографски, политички, или расистички материјали или било кој друг незаконски материјал е стриктно забрането.
Веб страницата или било која содржина не смее да биде изменувана, копирана, пренесувана, дистрибуирана, продадена, прикажана, лиценцирана или репродуцирана на било кој начин од Ваша страна, освен една копија од информацијата на веб страницата која може да биде користена за лична, не –комерцијална употреба.
Известувања (е-пошта)
Може да одберете да се зачлените на VoxNet известувања по е-пошта, кои ќе бидат испратени на Вашата електронска адреса и ќе вклучуваат новости, информации и понуди.
Забрана на пристап
VoxNet го задржува правото да забрани пристан на веб страницата во било кое време без претходно известување.
Обврски на VoxNet
VoxNet не превзема одговорност за индиректен или последователен губиток во договорот, или во друг случај кој што произлегува од Вашето користење на веб страницата или на некој од телекомуникациските производи купени на веб страницата. Во случај кога VoxNet е директно одговорен за загубата, таа ќе биде ограничена на максимумот на тоталната цена на производот или услугата за која е направено барање.
Линкови до други Веб страници
Веб страницата може да содржи линкови до надворешни веб страници во сопственост и водени од трети лица. VoxNet нема контрола или врска со такви трети страни и нема обврска во однос на прецизноста, комплетноста и квалитетот на информациите содржани во нив. Сите содржини на надворешните веб страници не представуваат производ, улсуга или информација доставена од страна на VoxNet.
Виша сила
VoxNet не е одговорен за било која слабост произлезена од овој Договор во случај да истата да произлегува од виша сила. Ова вклучува без никакви ограничувања владини интервенции, војна, цивилни нарушувања, киднапирање, пожар, поплава, несреќни случаеви, бури, штрајк, терористички напади, или индустриска акција која влијае на Авионет или на добавувачите.
Правни регулативи
Овој Кориснички договор е помеѓу Вас и VoxNet и е во надлежност на законите на Република Македонија