ШТО Е ТОА ИНТЕРНЕТ ТЕЛЕФОНИЈА И VOICE OVER IP И КАКО РАБОТИ?
ВоИП ( VoIP - Voice over Internet Protocol )
ВоИП, исто така познат како интернет телефонија, е достапен начин за вашиот мал, среден или голем бизнис да добие пристап до првокласен телефонски систем без големо инвестирање во скап хардвер или пак да плаќа скапи месечни надоместоци за телефонирање кон странство. 
ВоИП - от овозможува пристап до веќе познатите телефонски карактеристики кои вообичаено се користат преку традиционалната телефонска услуга, при цена која е далеку помала. ВоИП-от е едноставен за користење и доста е пристапен. Кога бизнисот се одлучува за ВоИП решение, тогаш се здобива со пристап до професионалниот телефонски систем кој му е потребен без да направи скапа инвестиција во технологијата или да има непредвидлива месечна сметка. 

Во пракса, како што е општо познато, најефтини се локалните разговори.
Дали би можеле да ги прескокнеме сите тие скапи телефонски оператори и нивните маржи по патот на нашиот разговор, односно, да ја платиме само цената на локалниот телефонски разговор? 

VoxNet Ви го овозможува токму тоа преку VoIP, односно, пренос на глас преку интернет протокол, т.е., со користење на глобалната и бесплатна светска мрежа - интернет, да ги платите само трошоците за локален разговор кон местото кое го барате. Со помош на интернет, се скратува целиот тој пат низ сите земји и телефонски оператори и разговорот се извршува директно преку локалната мрежа на повикуваниот број. Значи, плаќате само толку, колку што чинат локалните телефонски разговори во мрежата во која се наоѓа телефонскиот број кој го повикувате, било да е фиксен или мобилен.
КОИ СЕ ПОТРЕБНИТЕ УСЛОВИ ЗА ВОИП ИНТЕРНЕТ ТЕЛЕФОНИЈА?
- Компјутер
- Слушалки со микрофон или USB телефон
- Софтвер-клиент, на пр. достапните за симнување телефони на страната на твојата сметка
- VoxNet сметка
- Интернет конекција 

Доколку веќе ја имаш оваа опрема, тогаш може да го користиш VoIP без никакви дополнителни вложувања! 

Ако сакаш да правиш повици независно од твојот компјутер, тогаш ќе ти биде потребен соодветен VoIP хардвер. 
Со VoIP телефон, нема да ти биде потребен вклучен компјутер, ниту пак соодветен адаптер за да можеш да телефонираш директно преку интернет. 
Многу едноставно го приклучуваш телефонот на интернет, го конфигурираш со параметрите од VoxNet потоа ги уживаш благодетите на нашата телефонија. Неговата употреба не се разликува од ништо во однос на употребата на обичните телефони. 
Сите SIP компатибилни телефони можат да се користат на мрежата на VoxNet.
ЗАГАРАНТИРАН КВАЛИТЕТ
За сите разговори квалитетот е загарантиран, за што се „виновни“ нашите  Кодеци за квалитет. Кодекот служи за претворање на аналогните аудио сигнали во дигитални пакети и декодирање на истите на примателот. Кај повеќето кодеци,  се врши компресија на самото место, со цел да се редуцира потребниот интернет трансфер. Што поголема компресија, толку полош квалитет на звукот, но помала потреба од интернет брзина. 
Затоа постојат повеќе кодеци, со цел да бидат задоволени сите предуслови за квалитетен разговор, но и постоечките интернет брзини. 
Повеќето VoIP уреди нудат за избор неколку кодеци. Но, избраниот кодек може да се користи, само доколку е поддржан од страна на сите уреди кои се вклучени во реализирањето на повикот. Квалитетот на VoxNet VoIP може да биде спореден со оној на ISDN. 
Зависно од избраниот кодек, може да се оствари дури и поквалитетен разговор. Со користење на кодеци кои користат помал интернет опсег, очекуван е полош квалитет на разговорот. 

Листа на кодеци (сортирани по квалитетот, најдобриот прв):
КодекПотребна интернет брзинаКвалитет на разговорот
G.722 80 Kbit/sИзвонреден (подобар од ISDN)
G.711a / G.711u 80 Kbit/s Многу добар (како ISDN)
G.72655 Kbit/sДобар
G.728 32 Kbit/s Добар
G.729 / G.729a32 Kbit/s Добар - препорачан за користење
iLBC32 Kbit/s Добар
G.723.121 Kbit/sДоволен
Speex Wideband10-28 KBit/sДоволен
G.72315 KBit/sДоволен
GSM 13 Kbit/sДоволен (како на мобилен телефон)
Speex Narrowband4-15 Kbit/sДоволен (како на мобилен телефон)
VoxNet ги поддржува G.711a / G.711u, G.729 / G.729a, GSM, како и сите меѓусебни конверзии. Доколку користиш VoIP телефон, препорачуваме користење на G729 кодекот.
24/7 ЧАСОВНА ПОДДРШКА
За сите наши корисници достапни сме во секое време преку нашиот е-маил, sales@voxnet.com.mk Доколку имате некои сугестии, коментари (барања за некои уреди, услуги, упатства) и слично, слободно исконтактирајте не на нашиот погоре даден е-маил. Ќе ни биде особена чест да Ви помогнеме на обострано задоволство.

Имате дополнителни прашања